Фудбалскиот клуб Вест Хем стапил во контакт со Манчестер Јунајтед, а причина е доведувањето на фудбалерот Џеси Лингард на позајмица од крајот на сезоната.

Како што пренесува „Скај“, Лингард е без настап уште од јули, а во Вест Хем кај Дејвид Мојс би имал минутажа.

Манчестер Јунајтед се уште не донеле одлука дали ќе го пуштат својот фудбалер да направи трансфер во Лондон.