Англискиот фудбалски репрезентативец, Деклан Рајс и покрај интересот од повеќе големи тимови од Премиерлигата е решен и во новата сезона да игра за „Чеканите“. Во изјава за островските медиуми тврди дека навивачите нема потреба да се грижат и покрај сите шпекулации.

„Тука е е одлично. Знам дека има многу шпекулации за мојата иднина но јас потпишав пет годишен договор со Вест Хем и фокусиран сум само за настапот за мојот клуб“ – вели Рајс.

Во последните неколку месеци Рајс се поврзува со транфер во двата клуба од Манчестер а се споменуваат и Челси и Тотенхем.