Англискиот репрезентативец, Деклан Рајс ова лето најверојатно ќе го напушти Вест Хем откако повеќе од една година се поврзува со помоќните клубови во Премиер лигата.

„Можноста да се слуша химната во Лигата на шампионите е неворојатна, сакам да играм и да бидам дел од ЛШ. Тоа не можам поинаку да го опишам, секако дека сакам да сум дел од Премиер лигата но ЛШ е посебна приказна.“ – вели Рајс.

Дефанзивниот плејмејкер на „Чеканите“ се поврзува со трансфер во Манчестер Јунајтед и Ливерпул а достапен за околу 80 милиони фунти.