Поранешната ѕвезда на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро, не верува дека неговиот поранеше соиграч и тренер на Интер, Антонио Конте се откажа од Скудетото.

Тренерот на „Нероаѕурите“ синоќа доживеа пораз во дербито на Италија од Јувентус со 2-0 и изјави дека моментално не се на нивото на Јувентус.

„Не верувам дека Интер не е во борба за Скудет. Напротив, знаејќи го Конте, сигурен сум дека тој со Интер ќе бидат далеку подобри од претходно. Сигурен сум дека бурно им реагирал на своите   фудбалери и очекувам тоа да ги поткрене по овој пораз“– изјави Дел Пијеро за „Sky Sport Italia“.