Алесандро Дел Пјеро и Кристијан Виери се двете најзвучни имиња заедно со Даниеле Де Роси кои на последниот курс за тренери на УЕФА добија А лиценца.

Со завршувањето на оваа процедура, поранешните фудбалери наскоро ќе добијат и дозвола да водат клуб во Серија А, секако доколку се решат за работа во Италија.

Покрај овие тројца, на листата кои го положија завршниот тест се и Давид Пизаро, Фредерико Балѕарети, Рикардо Монтоливо, Игнацио Абате, Алесандро Матри, Андреа Коста, Макароне, Пацини, Џанљука Курчи и Даниело Касталдело.