Алесандро Дел Пјеро е еден од кандидатите за нов претседател на Јувентус.

Според информациите на италијанскиот весник „Ил Месаџеро“ Дел Пјеро ќе се врати во Торино за да го замени  Андреа Ањели.

Според дел од италијанските медиуми, претседателската позиција на Ањели сега е сериозно разнишана и многу е веројатно дека на крајот од сезоната ќе поднесе оставка на чело на Јувентус.

Дел Пјеро моментално работи како стручен коментатор за американската телевизија „ЕСПН“,но речиси целата кариера ја помина во Јувентус и добро знае како функционира тимот од Торино

Меѓу кандидатите за претседателската функција се и поранешниот италијански селектор Марчело Липи и бизнисменот Алесанро Наси, близок до семејството Ањели.