Поранешниот репрезентативец на Италија и легенда на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро потврди дека очекува Де Лихт допрва да се докаже во Серија А, верува дека „Старата Дама“ е пред сериозен тест, во Торино доаѓа Атлетоко Мадрид а Феликс го издвои како најголема закана по голот на Буфон.

„Тој уште сега е играч кој има одлични квалитети во многу сегменти од фудбалската игра. Мојот совет до него е секојдневно да  работи напорно и да биде опседнат со тоа да го надградува талентот кој го има. Мислам дека ќе биде незадржлив во иднина, Феликс има се за да биде најдобар.“ – изјави Дел Пјеро.

Јувентус утревечер го дочекува Атлетико Мадрид во натпревар од 5 коло од групата Д во Лигата на шампионите со обезбеден пласман во осминафиналето.