Поранешниот напаѓач на Јувентус, Александро Дел Пјеро, го коментира напаѓачот на Ливерпул и на Египет, Мохамед Салах.

Салах е веќе бог – и не само во Египет. Кога играл за Рома тој често не реализираше гол шанси, дури и непосредно пред голот на противникот. Но, во Ливерпул тој се препороди и постигна повеќе од 30 гола во сезона. Подобро од тоа не може да биде“.

Оваа сезона Мохамед Салах е најдобар фудбалер на Ливерпул. На 23 средби во Премиер лигата тој оствари ефект од 14 гола и 6 асистенции.