Легендата на Јувентус Алесандро Дел Пјеро го предупреди својот поранбешен тим да очекува жестока конкуреннција за шампионската титула сезонава од Интер и Аталанта.

 „Според мене, Интер и Аталанта се сериозни кандидати за титулата. Аталанта игра добро неколку сезони наназад и веќе созреа доволно. Минатата сезона со ремито во Торино покажаа што можат. Интер секако е кандидат видовме какви пет замени направи против Фиорентина, замените го решија натпреварот. Тоа значи дека имаат одлична клупа“, изјави Дел Пиеро

Според него, Лацио несомнено има квалитети за титула во Италија, но смета оти натпревари и во ЛШ ќе го „земат данокот“.