Деле Али поради повреда на тетивата на коленото ќе го пропушти почетокот на сезоната во Премиерлигата, потврди тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино.

Играчот за врска на Тотенхем не настапи против Интер, нема да биде во комбинација ни за  првиот меч во новата сезона против Астон Вила.

Деле Али минатата сезона одигра 45 натпревари за Тотенхем и Англија, имаше проблеми со истата повреда во текот на сезоната неколку пати.