Ѕвездата на Тотенхем Деле Али бил нападнат со нож во својот дом во Лондон од разбојници. Англискиот репрезентативец за среќа мина само со удари од тупаници од разбојниците кои успеале да украдат накит и часовници.

Деле Али по овој страшен инцидент изјави дека е добро, но искуството било многу непријатно.

„Двајца маскирани со ножеви влегоа во мојот дом, ме удираа со тупаници, се обидов да се одбранам, бараа вредни предмети, земаа скап часовник и накит, ова беше страшно искуство, им благодарам на сите за поддршката која ја добив“ – изјави Деле Али.

Полицијата вчера извршила увид, обезбедени се снимки од безбедносните камери и се трага по напаѓачите.