Деле Али важи за еден од најголемите таленти во последните години во англискиот фудбал, но и покрај тоа што има 23. години фудбалерот на Тотенхем подолго време се мачи со повреди.

Али сезонава конечно се врати во поставата на европскиот вицешампион, каде полека, но сигурно ја крева својата форма и се очекува да биде еден од носителите на играта на тимот од северен Лондон. Меѓутоа тој вели дека неговото тело тешко ги издржува напорите во последно време, иако релативно е многу млад.

„Што сум постар моето тело не може толку да издржи и затоа правам различни работи надвор од теренот, па така во теретана работам на тоа да ги зајакнам препоните затоа што имав повреда на тој дел. Секој процент на напредок може да помогне. Кога си млад, наивен можеби не размислуваш, но како старееш учиш се повеќе и повеќе. Јас сум и понатаму млад, правам грешки и учам од нив“ –истакна англискиот репрезентативец.