Поранешниот играч на Барселона, Џерард Делофеу ги прокоментира гласините кои го поврзуваат со трансфер во Милан и ги изненади новинарите во Англија.

„Тука се чуствувам добро, ова е мојата прва сезона и добро се адаптирав во Вотфорд и вистински уживам во овој клуб. Се надевам дека во новата сезона ќе постигнам повеќе голови. Сакам да му помобнам на Вотфорд да освојува што повеќе поени“. – изјави Делофеу.

Тој веќе играше во Милан , Евертон, Севиља и во Барселона а за моменталниот клуб вели дека е првиот во кој посакуива да се задржи подолго време. Вотфорд бара за Делофеу 40 милиони евра, цена која Милан не е во можноста да ја плати.