Демба Ба ја задолжи опремата на 11-от клуб во кариерата, откако потпиша за швајцарски Лугано. Искусниот напаѓач е слободен агент од април откако го раскина договорот со Башакшехир, за кој одигра 59 натпревари и постигна 20 гола.

Покрај Башакшехир, 36-годишниот напаѓач има играно и за Шангај Шенхуи, Гезтепе, Бешикташ, Челси, Њукасл, Вест Хем, Хофенхајм, Мускрон и Руан.

Деба Ба се согласи на едногодишна соработка со Лугано, Швајцарија. Со 49 освоени бода минатата сезона, Лугано заврши на 4. место во швајцарскиот шампионат, веднаш под Сервет.