Мундо Депортиво тврди дека Осман Дембеле ја одбил можноста да се пресели во ПСЖ како дел од зделката за трансферот на Нејмар.

Ова било неочекувано од напаѓачот кој не е стандарден првотимоец на Барселона а во новата сезона се очекува најчесто да добива шанса од клупата како замена за Гризман.

ПСЖ го побарал Дембеле и 150 милиони евра за Нејмар но во старт преговорите со Барселона биле стопирани откако крилниот напаѓач не сакал да слушне за трансфер во Франција.