Напаѓачот на Барселона, Усман Дембеле, наводно, сака да се пресели во Јувентус ова лето.„Бјанконерите“ и Барса во последниве недели преговараат околу Миралем Пјаниќ, за кого Каталнците ќе мора да го жртвуваат Артур кој ќе пристигне во Торино.

Сепак, „Мундо Депортиво“ тврди дека Дембеле го привлекол вниманието на спортскиот директор Фабио Паратити и според шпанскиот весник играчот веќе дал позитивен одговор за преселба на „Алијанц“.

Дембеле е идеална замена за крилата Бернардески и Гвардадо кои веќе не се во прв план кај тренерот Маурисио Сари. Единствен проблем за трансферот на Французинот е високата цена која ја има и која каталонците немаат намера да ја спуштат.