Напаѓачот на Барселона, Осман Дембеле се соочува со најголемата криза во кариерата поврзаната со повредите поради кои не може никако да влезе во ритам.

Французинот се повреди во дуелот со Борусија Дортмунд и поради ова ќе мора да паузира најмалку 10 недели а рехабилитацијата ќе ја одработи во Катар, нешто слично како Умтити кои минтата година мина повеќе од три месеци во Катар.

Според официјалното соопштение на Барселона, Дембеле ќе мора да се опоравува во Аспетар, болницата во Доха со цел за помалку од три месеци да се врати во полн ритам и да конкурира за мето во почетниот тим на Барселона.