Напаѓачот на Барселона Усман Дембеле, за кого клубот досега плати 138 милиони евра, продолжи со својата недисциплина,подгревајќи ги шпекулациите дека тој е незадовлен од статусот во каталонскиот клуб и наскоро ќе замине во Манчестер јунајтед.

Шпанскиот весник „АС“ објави дека Дембеле закаснил на денешниот тренинг 15 минути,напоменувајќи дека ова е втор пат за помалку од еден месец Дембеле да не се појави на почетокот на тренингот. Тој на 11 септември, исто така, го пропушти првиот дел од тренингот.

Англиските медиуми во оваа гледаат наводно незадоволство на Дембеле од неговиот статус во Барселона, шпекулирајќи дека на повиодок е негов трансфер во премиерлигашот Манчестер јунајтед.