Македонскиот репрезентативен голман, Дени Илиев ќе го напушти Арсенал и среќата ќе си ја бара во нов клуб.

Ова доаѓа откако „Топџиите“ решија да не му понудат нов договор на голманот кој од 2012 година беше дел од тимот од Лондон по трансферот од Беласица.

По успешните настапи во младинските категории на Арсенал, Илиев беше испратен на неколку позајмици.

Минатото лето тој се поврзуваше со неколку клубови, но засега нема информација каде би ја продолжил кариерата.