Вториот голман на нашата најсилна фудбалска репрезентација, Дени Илиев по првиот тренинг на „Тодор Проески“ во Скопје пред дуелот со Словенија во евроквалификациите посочи какви се амбициите во нашата соблекувална.

Може да гарантираме дека ќе се бориме за да освоиме три бода противСловенија. Знаеме дека не очекува еден тежок натпревар. Словенците имаат квалитетни играчи таму успеавме да дојдеме до бод. Сега, дома се надеваме дека ќе имаме поддршка од трибините и може да ветиме дека ќе се бориме до крај за да дојдеме до позитивен резултат.“ – изјави Илиев.

Младиот голман ја отфрли тезата дека по ремито на гостувањето во Љубљана, за овој дуел со Словенија постои страв од неуспех.