Јувентус за прв пат по десет години можно е да остане без пласман во Лигата на шампионите. Ова доаѓа по поразот од Милан, по кој донекаде се очекуваше и брз отказ на Андреа Пирло.

Италијанска „Ла Штампа“ пренесува дека Игор Тудор е подготвен да ја презема позицијата на Пирло во текот на оваа недела, пред дуелот со Сасуоло.

Според италијанскиот весник, Пирло нема иднина во Јувентус по разочарувачката сезона иако тој тврди дека нема намера да даде оставка.

Јувентус во среда ќе му гостува на Сасуоло, натпревар на кој можно е Тудор да биде на клупата на „Старата Дама“.