ПСЖ во многу скоро време официјално ќе ги означи за точни шпекулациите за смена на тренерот Томас Тухел.

Според „Калчомеркато“, газдите на францускиот првак веќе ја донеле одлуката за смена на германскиот стратег, а на негово место ќе дојде Италијанецот Масимилијано Алегри.

Неговата задача нема да биде нималку лесна, а тоа е освојување на Лигата на шампиони, но, Алегри, според истиот извор, се согласил со предизвикот и во многу скоро време ќе седне на клупата на финалистот од минатата сезона во ЛШ.