Репрезентативецот на Холандија и еден од најдобрите играчи во селекцијата на „лалињата“ Мемфис Депај веќе подолго време се поврзува со трансфер во Барселона ова лето , и се чини дека тој ке се оствари по завршувањето на ЕУРО 2020.

Во пресрет на мечот, Депај се појави на прес-конференција. Иако повод беше, секако, дуелот од 2.коло на ЕУРО, крилниот напаѓач се осврна и на приказната за можен трансфер во Барселона, која го посакуваше подолго време.

“Сите знаете дека се поврзувам со Барселона веќе некое време. Сакам да играм за Роналд Куман, но почекајте, наскоро следуваат некои новости”, рече Депај.

Неговиот договор со Лион истекува на крајот на јуни и тој се преселува на Ноу Камп како слободен агент. Барса веќе ги донесе Серхио Агуеро и Ерик Гарсија бесплатно, а следното засилување треба да биде Депај.