Италијанскиот фудбалски клуб Милан активно работи на засилување на тимот со цел да обезбеди пласман во Лигата на шампиони следната сезона и воедно да ја нападне шампионската титула во оваа земја.

Милан досега ги ангажираше Тео Ернандез и Раде Круниќ, а веќе е договорен трансферот на Бенасер, но „росонерите“ не планираат да застанат тука.

Според италијанските медиуми, раководството на Милан започнало преговори за холандскиот репрезентативец Мемфис Депај.

Холандскиот репрезентативец сака да си замине од Лион ова лето и неговите агенти вчера пристигнаа во Милано на средба со Бобан и Малдини.

Лион за него бара 40 милиони евра, додека Милан е подготвен да понуди 30 милиони плус бонуси во најразлични форми.