Поради настапите на Динамо Загреб и Ријека во Европа, дербито од  шампионатот на Хрватска кое беше предвидено за 24. август се одложи за четири месеци.

Ова е одлуката на Јосип Брезни, комесарот за натпревари во ХФФ, двете екипи се на прагот од фазата по групи во Лигата на шампионите  и Европа лигата каде обезбедија плеј-оф.

Динамо Загреб на 27 август игра плеј -оф со Розенборг  во ЛШ, додека тимот од „Кнатрида“ се среќава со Гент на 22. август во ЕЛ, само два дена подоцна беше на програмата големото дерби на Хрватска.