Медицинско-научната работна група на „ФИГЦ“ и Министерството за здравство на Италија одлучија дека сите делови од земјата кои се погододени од коронавирусот ќе бидат суспендирани од одржувае на какви било спортски настани до недела, 1.март.

На ваквата одлука Фудбалската федерација на Италија побара појаснување и молба мечот меѓу Јувентус и Интер престојниот викенд да се одигра со присуство на публика, ако веќе не е одложен.

Според нив дербито на Италија сезонава не смее да се одигра без публика, па бараат одлуката да се одигра зад затворени врати да се промени. Во првиот меч сезонава на „Џузепе Меаца“ „Старата дама“  славеше со 1-2.