Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп имаше вербален дуел со помошниот тренер на Евертон, Данкан Фергусон, во текот на градското дерби кое беше одиграно вчера.

Евертон успеа да слави со 2:0, со головите на Ришарлисон и Сигурдсон, а тоа беше прва победа на Карамелите на Енфилд уште од 1999 година. Од друга страна, Црвените стигнаа до четвртиот пораз во серија.

Очигледно на Клоп не му беше лесно, а медиумите кои известуваа од Енфилд јавуваат дека Германецот бил бесен на Фергусон, откако Ливерпул бараше пенал во второто полувреме. Пенал кој сепак не беше досуден после интервенцијата на капитенот на Евертон, Симус Колман.

Фергусон после тоа имаше широка насмевка на лицето, додека Клоп му дофрли:

„Зошто се смееш?“

Меѓутоа, должен не остана ниту помошникот на Анчелоти.

„Дали на нас останатите ни е дозволено да зборуваме или само ти можеш Јирген“– било наводно прашањето на Фергусон, кој со својата насмевка продолжи и во соблекувалната во текот на прослават.