Викендов се игра 7-то коло во ПМФЛ, а дербито е на програмата в недела во Битола помеѓу Пелистер и Шекндија со Игор Стојчевски како главен судија.

Ден пред другите, в сабота, играат Борец и Работнички, а за главен судија е одреден Марјан Гоцевски.

Мерјан Ецкоски ќе го суди мечот на Арената во Скопје, помеѓу шампионот Вардар и фенерџијата Беласица, Јован Качевски ќе ја дели правдата на дуелот помеѓу Ренова и Македонија ЃП, Димитар Мечкаровски е главен судија на пресметката меѓу Струга Трим и Шкупи, додека Јосип Бартон е делегиран за главен арбитар на пресметката Академија пандев – Силекс.

Сите натпревари започнуваат во 15 часот.