Антоан Гризман доби јавна опомена од селекторот на Франција, Дидие Дешамп дека ако не фати ритам во Барселона и не влезе во добра форма која ќе ја задржи, неговото место во националниот тим може да го добие друг фудбалер.

Напапаѓачот на Барселона постигна 32 гола и 21 асистенции на 81 натпревар за Франција досега но тоа не е гаранција за неговиот статус во почетниот состав на Дешамп.

„Знам за неговата статистика, ние само зборуваме за бројки. Како што кажав и претходно, никој нема загарантиран првотимски статус. Тој е како и секој друг играч кој е повикан. Знам за каков талент станува збор но тоа не мора ништо да значи.“ – посочи Дешамп.

На оваа изјава Гризман одговори со прекрасен гол на гостувањето кај Хрватска во победата на Франција од 2:1.

Гризман за Барселона постигна 15 голови на 48 натпревари во Ла лига а во новата сезона сеуште се обидува да го убеди Куман дека има квалитет за почетниот тим.