Првиот човек на Шкендија, Лазим Дестани со соопштение се обрати во јавноста отколу неговите планови и промени кои планира да ги направи во блиска иднина.

Шкендија има лош настап во Европа по што не ја започна сезоната како што посакуваше, ова се само дел од причните поради кои Дестани одлучи да се обрати до навивачите на првакот на Македонија.

„Сакам да го изразам моето незадоволство од резултатите на Шкендија. Наместо да напредуваме, имавме пад во европските натпревари, а имавме неуспеси и во првите три натпревари од националниот шампионат кои се фрустрирачки. Ја испитав состојбата во клубот, за неколку дена очекувам конечни резултати. Шкендија ќе се врати во најдобрата форма.“ – стои во дел од соопштението на Дестани.