Матија Дестро од синоќа е главна тема во Италија, откако постигна неверојатен гол од одлична соло акција.

Тој го издрибла својот чувар, а потоа го матираше голманот, но друга работа е главна тема во моментов.

Се тоа Дестро го направи држејќи шише вода во раката, која му остана од кратката пауза за освежување.

Нападот го затекна, но тој успеа да го заврши навистина мајсторски.

„Имав грчеви, бев уморен и отидов да се освежам. Потоа не знаев каде да го фрлам и само го држев во рака“– изјави Дестро.