Мохамед Елнени, според пишувањата на турските и англиските медиуми, ќе се пресели во Турција.

Интерес за фудбалерот на „топџиите“ има од Галатасарај, а големите се шансите дека до крајот на преодниот рок тој ќе биде новото засилување на турскиот шампион.

Иако за Елнени интерес има и од други клубови од Турција, Галатасарај се засега единствените кои испратиле понуда директно до фудбалерот.

Турскиот повеќекратен првак му нуди двојно помала плата од онаа која ја заработува во Арсенал и ова е единствената пречка што трансферот досега не е реализиран.