Александар Трајковски се повреди уште на самиот почеток на средбата со Австрија во Виена, по денешните прегледи познато е за каква повреда станува збор.

Напаѓачот на Македонија има дисторзија на скочниот зглоб, лекарскиот тим на репрезентацијата прави се што е во нивна моќ да го подготви за средбата со Израел во вторник.

Од таборот на нашата репрезентација најавија дека утре ќе биде познато дали Трајковски ќе настапи во вторник, повредата е сериозна, шансите се 50-50.