Формирањето на Суперлигата остана само сон на 12 врвни клуба од Европа, иако идејата не беше лоша, сепак таа наиде на осуда кај навивачите и секако УЕФА која беше заобиколена, употребени беа сите средства да се уништи, и противниците на лигата успеаја во тоа.

Според она што досега се знае, раководствата на Реал Мадрид и Јувентус биле предводници во проектот Суперлига за кој и Барселона имала големо влијание.

Под притисок на јавноста, федерациите, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Арсенал, Тотенхем, Интер, Милан и Атлетико Мадрид го напуштија бродот, во него останаа Реал Мадрид, Барселона и Јувентус.

Паоло Скарони од Милан, во интервју за престижната „Газета дело Спорт“ тврди дека сите клубови, освен Реал Мадрид, Барселона и Јувентус ги очекува драконска казна од 500 милиони евра поради напуштањето на Суперлигата, тоа стоело во договор за формирање на ова натпреварување.

„Договорот предвидува, дека секој клуб кој ќе ја напушти Суперлигата без одобрение на избраниот претседател, во случајов Перез, ќе биде казнет со 500 милиони евра. Исклучок е Милан кој не прифати ваква клаузула, јас како претставник на клубот не прифатив ваква опција“ – изјави Скарони.

Ако е ова точно, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Арсенал, Тотенхем, Интер, Милан и Атлетико Мадрид ќе треба да платат по 500 милиони евра.