Министерот за надворешни работи Луиџи Ди Мајо го поддржа својот колега и министер за спорт Винченцо Спадафора во намерата мечевите од Серија А да не се играат.

Министерот за спорт ја поддржа одлуката на Здружението на играчи, Серија А да биде суспендирана на одредено време поради епидемијата од коронавирусот.

Ди Мајо  изрази поддршка за одлуката, велејќи дека играчите би можеле да заразат други граѓани доколку се позитивни на овој вирус.

Постојат мерки што бараат максимална одговорност,  а оваа е таква. Изразувам поддршка за министерот Спадафора, кој моментно се обидува да го убеди целиот фудбалски свет дека е подобро да не се игра“-рече Ди Мајо според „Тутомеркато“.