28 годишниот дефанзивец на Челзи, Антонио Рудигер е блиску до заминување од клубот на крајот на сезоната. Германскиот репрезентативец би можел да го напушти Челзи по истекот на неговиот договор.

Челзи му понуди на Германецот 6.5 милиони евра по сезона, но Рудигер бара 10 и тука доаѓа проблемот.

Новинарот Џанлука Ди Марцио пишува дека постојат четири опции, но отпишувајќи го Реал Мадрид.

Рудигер е во разговори со Јувентус, Манчестер Сити, Тотенхем и ПСЖ, кои се во потрага по стопер.

Рудигер во Челзи пристигна во 2017-та година од Рома за 35 милиони евра. До Божиќ минатата година беше во втор планн, а потоа поради згуснатиот распоред доби шанса и максимално ја искористи. Денес се смета за лидер на дефанзивата на Челзи и еден од најдобрите светски стопери.