Нејмар по две години пауза повторно ќе го носи дресот на Барселона. Ова го тврди реномираниот спортски новинар, Џанлука Ди Марцио.

Според него последниот состанок  меѓу преговарачките тимови на ПСЖ и на Барселона завршил со позитивен крај по желбата на Нејмар да се врати на „Камп Ноу“.

Наскоро очекуваме повеќе детали околу трансферот на Нејмар, конкретно дали има вклучено некој играч и колку и како ќе плати Барселона.