Трансферот на Елиф Елмас од Фенербахче во Наполи денеска ќе биде официјално потврден, тврди новинарот Џанлука Ди Марцо.

Клубовите ги договориле деталите околку трансфер оштетата која ќе изнесува 16 милиони евра со можност да порасне за дополнителни два милиони во зависносст од успесите на Наполи во новата сезона. Елмас ќе потпише петгодишен договор според кој ќе зараоту по 1,5 милиони евра по сезона.

Елмас денеска ќе пристигне во Италија по што треба да ги мине лекарските прегледи и да му се приклучи на неговиот нов тим на подготовките. Ова вчера го најави и тренеерот на Наполи, Карло Анчелоти.

Со реализацијата на овој трансфер, Елмас ќе стане најкапиот играч во историјата на Македонија.