Лионел Меси несомнено е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, а за многумина и најдобар. На Аргентинецот единствено во својата богата кариера му недостасува трофеј со Аргентина, поради што голем дел од луѓето му замеруваат.

Последен пат Меси беше на прагот да освои титула на со Аргентина оваа година на Копа Америка каде во финалето загубија од вечниот ривал Бразил со 2-0.

Лионел Меси фрустриран го заврши мечот, откако загуби уште еден голем трофеј со репрезентацијата, а по мечот успеал да се смири и како вистински капитен на репрезентацијата имал инспиративен говор кој ги расплакал неговите сонародници.

 

Им се заблагодари на сите, посебно на младите фудбалери  им кажа дека се во репрезентацијата затоа што го заслужиле своето место. Кога заврши, сите почнаа да плачат.“ – открива неговиот соиграч Анхел Ди Марија.

За Меси ова беше 3 загубено финале на Копа Америка, а во 2014 во финалето на СП по продолженија неговата Аргентина загуби од Германија што е најтежок пораз во кариерата на Лионел.