Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала, ги негираше гласините дека е заразен од вирусот КОВИД-19.

Аргентинецот на својот Твитер профил напиша дека е во ред и се заблагодари за поддршката од фановите ширум светот.

„Здраво на сите, сакав да потврдам дека  сум добро . Благодарам за сите пораки и се надевам дека и вие сте добро“- напиша Дибала.

26-годишниот играч постигна седум гола на 24 одиграни натпревари во Серија А сезонава и е еден од најдобрите во тимот на Маурисио Сари.