Роме Лукаку ужива во понудите од Италија но има и  проблеми, Јувентус беше пред потпис со репрезентативецот на Белгија но Паоло Дибала направи големи проблеми, неговоите лични услови се пречка да се оствари трансферот на „старата дама“.

Дибала бара годишна плата од 15 милиони плус бонуси и тоа ги откажа првите луѓе на Јунајтед во размената на играчи со Јувентус.

Според медиумите од Италија, Интер ја користи оваа ситуација  и повторно се вклучува во трката за потпис на Лукаку, клубот од Милано понуди 60 милиони евра и бонуси, прашање е дали Јунајтед ќе одговори позитивно на оваа понуда со оглед на  фактот дека бара 80 милиони за Белгиецот.