Јувентус и напаѓачот Пауло Дибала ги продолжуваат преговорите за новиот договор, но засега не најдоа заеднички јазик.

Аргентинецот бара со договорот да му биде гарантирана годишна плата од чисти 12 милиони евра, додека предлогот на Јувентус е 9 милиони плус бонуси.

Неговиот сегашен договор важи до 2022 година, а Јувентус настојува новиот договор да биде до 2025 година.

Оваа сезона тој настапи на 32 средби на Јувентус во сите натпреварувања и има ефект од 12 гола и 12 асистенции.