Маурицио Сари дозволил управата на Јувентус да преговара со заинтересираните клубови кои сакаат да го купат Дибала.

Италијанските медиуми пренесуваат дека репрезентативецот на Аргентина не е во плановите на Сари, барем не за почениот состав и поради ова тој ќе си замине од Торино.

ПСЖ сеуште бара алтернатива за Нејмар кој сака да се врати во Барселона додека Манчестер Јунајтед е во потрага по напаѓач кој треба да го добие статусот на Лукаку.

Цената на Дибала на трансфер пазарот е околу 70 милиони евра додека Јувентус бара 100 милиони евра.