Газета Дело Спорт тврди дека Пауло Дибала нема намера да го напушти Јувентус ова лето, сака да го одработи договорот до крај, а тоа подразбира дека до јуни 2022 година ќе остане играч на „старата дама“.

Раководството на Јувентус има намера да го продаде Дибала ова лето, веќе преговара со заинтересирани клубови, сака да профитира бидејќи напаѓачот им соопштил дека нема намера да го продолжи договорот.

Дибала бара поголема плата за да го продолжи договорот, од Јувентус има понуда на 10 милиони по сезона, но тоа е малку за Аргентинецот.

Во Јувентус не се задоволни од одлуката на Дибала, тој во 2019 година одби да замине во Јунајтед како дел од трансферот на Лукаку кај „старата дама“.