Аргентинскиот фудбалски репрезентативец Паоло Дибала не сака да игра за Манчестер Јунајтед откако Јувентус договори трампа со англискиот шампион за Ромелу Лукаку.

Поточно тој е незадоволен од преговорите на екипата зад неговиот грб, а исто така не сака да настапува во тим кој нема да игра во Лигата на шампионите.

Дибала не ги направи рутинските прегледи и си замина дома. Медиумите пренесуваат дека „старата дама“ му го продолжи одморот со цел да го натера да размисли. Но, блиски луѓе до фудбалерот тврдат дека тој не би имал дилеми доколку се работи за трансфер во Ливерпул или Манчестер Сити.

Се шпекулира дека агентот на аргентинскиот репрезентативец барал астрономска плата за својот клиент. Првата опција била 14 милони, што е двојно повеќе од приходите во Италија, а втората десет милиони по сезона плус бонуси.