Иднината на аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала во Јувентус е неизвесна откако се појавија информации дека клубот сака да го вклучи во евентуалниот трансфер на Ромелу Лукаку од Манчестер Јунајтед.

Според информациите од Италија Дибала нема намера да си оди од Торино, пишува „Скај Италија“.

Напаѓачот е подготвен да се врати порано од одмор и да почне да работи со новиот тренер Маурицио Сари со се цел да се наметне и да виде во комбинација за првиот тим.

Интерес за Дибала покажува и Тотенхем но желбата на фудбалерот е тој да остане во дресот на Јувентус и следната сезона.