Јувентус, наводно, е подготвен да го продолжи договорот на Пауло Дибала до јуни 2025 година, веднаш штом неговиот агент ќе пристигне во  Италија.

Аргентинскиот репрезентативец треба само да ги заврши формалностите и да остане на „Алијанц Арената во Торино. Агентот на Дибала не беше во можност да патува во Торино за време на кризата, но според „Ла газета спорт“ договорот ќе се официјализира веднаш штом пристигне во ИТалија.

На 26-годишниот фудбалер платата ќе биде зголемена, а тој во моментот заработува 7.5 милиони евра плус бонуси. Аргентинскиот интернационалец сезонава постигна седум гола и девет асистенции во неговите 24 настапи во Серија А овој термин, плус пет гола и три асистенции во Копа Италија и Лигата на шампиони.