Пауло Дибала  долго време се бореше со коронавирусот, успеа да победи и се врати на тренинг кај Јувентус, но напаѓачот на „старата дама“ е искрен, не е 100% подготвен.

Во изјава за меидумиете од Италија, Дибала вели дека тренира напорно но се уште не е на посакуваното ниво.

„Го победив Ковид-19, но морам да признаам дека се уште не сум 1005 подготвен, 46 дена се  борев со коронавирусот, работам напорно и посветено и се надевам дека ќе успеам да бидам на потребното ниво“ – изјави Дибала.