Пауло Дибала најверојатно ќе потпише нов договор со Јувентус и покрај најавите дека е несреќен во Торино и сака да го напушти клубот во зимскиот преоден рок.

Според последните информации од Италија, адвокатскиот тим на Дибала и челниците на Јувентус се подготвени да ги завршат преговорите по кои напаѓачот ќе стави потпис на нов петгодишен договор.

Дибала бараше поголема плата од Јувентус, но извесно е дека ќе се согласи само за мало зголемување. Моменталниот договор му истекува во јуни 2022 година.

Дибала пристигна во Јувентус во јули 2015 година од Палермо, до денеска одигра 236 натпревари за „Старата Дама“ и постигна 96 гола и 38 асистенции.