Јувентус и Пауло Дибала најверојатно ќе се разделат на крајот на сезоната, тврдат италијанските медуми.

Двете страни иако веќе со месеци преговораат, се уште не постигнале договор за продолжувње на соработката.

Поради тоа Јувентус донесе одлука да го продаде на лето, бидејќи влегува во последната година од договорот.

Италијанските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Дибала може да заврши во редовите на големиот ривал Милан, кој веќе стапил во контакт со неговиот агент.

Дибала преферира да остане во Серија А, а Милан ќе има солиден буџет после пласманот во Лига на шампиони и наскоро ќе почне преговори со Јувентус.